Бугарија официјално ќе аплицира денеска за влез во банкарската унија на Европската унија, што е дел од нејзините напори за влез во „чекалната" за членство во еврозоната, изјави министерот за финансии на Бугарија.

Министрите за финансии на еврозоната и Европската централна банка веќе и дадоа на Бугарија зелено светло за тој потег и за своите планови за усвојување на еврото.

Министерот за финансии, Владислав Горанов, кој беше овластен од владата да испрати барање за тесна соработка со ЕЦБ, рече дека официјалното писмо ќе биде испратено „за неколку часа", јави БТА.

Софија веќе направи неколку чекори меѓу кои и соработка со ЕЦБ и во следниот јули тие ќе можат да станат членки на банкарската унија и механизмот ЕРМ-2, што е двегодишен задолжителен механизам пред прифаќање на еврото.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2018 16:16