Албанско-хрватските односи се одлични, а придонесот што Хрватска го дава во евороинтеграција на Албанија е од големо значење и тој ќе продолжи и во иднина.
Ова е заедничката оценка што по средбата во Тирана ја искажаа албанскиот претседател Илир Мета и неговата хрватска колешка Колинда Грабар-Китаровиќ,која доцна попладнево ја почна дводневната посета на Албанија.
- Односите меѓу двете земји се одлични.Хрватска беше и останува силен подржувач на почетокот на преговирите на нашата земја со ЕУ. Пријателството меѓу нашите две земји е од одамна и тоа се потврдило во многу значајни историски моменти. Им благодарам на нашите хрватски колеги што безусловно не подржуваат на патот кон евроспкото семејство, рече Мета на заедничката прес конференцоија по средбата.
Тој и честиташе на Китаровиќ за големиот успех на фудалската репрезентација на Светското првенство и и се заблагодари што ја посетува Албанија во годината посветена на Скендербег.
- Албанија беше пријател на Хрватска уште кога пријателите беа малубројни. Нашиот дијалог беше воспоставен веднаш по нашата независност и денеска ние разговаравме за негово зајакнување и проширување на соработката. Над 18 илјади Албанци живеат во Хрватска. Околу 2.500 Албанци беа воени доброволци,некои го загубија животот а некои изчезнаа, изјави Китаровиќ.
Поздравувајќи го почетокот на скринингот со ЕУ таа искажа подготвеност за хрватска помош на тој пат.
- Сакам да ви ја честитам ослуката на Советот кој го отвора патот за започнување преговори во јуни 2019 година. Ние сме подготвени да ви помогнеме со се за што имате потреба на тој пат, потенцираше Китаровиќ,која беше пречекана со сите државнички почести.
Китаровиќ ќе се сретне со премиерот Еди Рама, со претседателот на парламентот Грамоз Ручи а ќе се обрати и пред пратениците на албанскиот законодавен дом. Планирана е средба со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша,како и со градоначалникот на Тирана Ерион Велиај.
Ќе престојува и во Драч,каде почнува хрватски проект за заштита на животната средина, а ќе ја разгледа и култата Круја,која била седиште на Скендербег.
При посетата на градот Берат ќе и биде врачено признанието„Почесен граѓанин“.