Исклучително поволната хидрологија на каскадата на реката Дрим услови рекордно производство на електрична енергија во Албанија.

Според податоците од Aлбанската електрокорпорација (КЕШ) во првото полугодие од годинава приходите од произведената електрична енергија се околу 10,9 милијарди леки (87,3 милиони евра), што се должи на големиот извоз на енергија.

- Поволната хидролошка состојба е резултат на обилните дождови во првите месеци, кои беа неколкупати поголеми споредено просечните дождови во последните години. Во трите хидроелектрани на каскадата на реката Дрим, „Фиерза“ „Коман“ и „Вау те Дејес“, оствареното производство е 53 отсто поголемо од просечното производство во последните 15 години, потврдуваат од КЕШ.

Од таму додаваат дека, како последеица на тоа зголемен е извозот на електрична енергија додека воопшто немало увоз.

Подобрувањето на финансисрката состојба придонесло во намалување на обврските на КЕШ. Во овој период компанијата исплатила над 1,6 милијарди леки (12,6 милиони евра) даночни обврски, како што е ДДВ, данок на добивка и други давачки. Исплатени се и средства на име обештетување на жителите од скадарскиот регион од поплавите во 2010 година што беа предизвикани од испуштањето вода од акумлациите, со цел заштита од пукање на браните.

Нето добивката на КЕШ за периодот јануари-јуни изнесува 6,2 милијарди леки (49,1 милиони евра).



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 09:58