Ставови за актуелните состојби во секторот градежништво со посебен акцент на правната сигурност на инвеститорите, ќе претстави денеска претседателот на прадежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија Ивица Јаќимовски.
Од Градежната комора при ССК неодамна ја поздравија одлуката на Владата за продолжување на мерката за 5 проценти ДДВ за продажба на станбен простор до 2023 година, како една од клучните мерки за стабилизирање на градежништвото и поголема активност на приватниот сектор.
Укажаа и дека е потребно продолжување на почнатите капитални инвестиции, со поставена динамика и редовно сервисирање на плаќањата и извршување на обврските.
Во последниот квартал лани градежништвото забележа пад во БДП од 13,7 проценти, а во првиот квартал годинава намалувањето изнесуваше 37,2 отсто.