Еврокомесарот Димитрис Аврамопулос најави дека во тек се преговори меѓу Србија и Европската унија со кои граничари од ЕУ заедно со српските колеги ќе патролираат по должината на српската граница за да спречат движење на мигранти.

- Граничарите ќе патролираат и ќе користат техничка опрема. Овој договор значително ќе го засили управувањето со границите и ќе помогне во борбата против нерегуларната миграција и криумчарењето на мигранти низ регионот, вели Аврамопулос во текст за српски „Блиц“.

Аврамопулос воедно изрази надеж дека наскоро целиот регион ќе има можност за безвизно патување во ЕУ, алудирајќи тука на преговорите со Косово.

Тој додаде дека безвизниот режим на ЕУ за Балканот ќе биде надгледуван во иднина низ механизамот кој дозволува суспендирање на безвизниот режим доколку земјите не ги почитуваат своите обврски.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 10:42