Повеќе од 7.000 цивили и борци од две шиитски села лојални на сириската Влада во провинцијата Идлиб утрово почнаа се евакуираат. Селата веќе три години се под контрола на опозицијата, а сириската Влада за возврат ослободи од затвор стотици бунтовници, јавија сириските државни медиуми.

Жителите на селата Ал-Фу и Кефра се евакуираат во соглсност со договорот постигнат изминатите месеци помеѓу Владата и бунтовниците.

Најмалку 20 автобуси со бунтовниците ослободени од затвор веќе ја преминаа на територија која е под контрола на опозицијата.

Додека жителите на двете села патуваат кон територијата која ја контролира сириската влада во провинцијата Алепо.

Повеќе од 120 автобуси вчера пристигнаа во двете шиитски села, како и амбулантни возила.

Бунтовниците и преговарачите кои ги поддржува Иран постигнаа договор за евакуација на жителите и ослободување на затворениците.

Обединети нации не беа дел од преговорите и ги критикуваат таквите трансфери како присилно раселување.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 12:25