Турската полиција го уапси оџата Аднан Октар, кој е обвинет за сексуално малтетирање деца и формирање на верски култ со 150 следбеници.
Октар основал телевизиски канал преку кој проповедал, честопати придружуван од скудно облечени жени кои ги нарекувал „мачиња“.
Според обвинението, освен што сексуално малтретирал деца, Октар се сомничи и за финансиски криминал, измами и малтретирање. Групата функционирала од 1970-ите години.