Силните ветрови и сушата што ја зафати американската сојузна држава Орегон се закануваат да ги прошират шумските пожари, кои веќе уништија 900 куќи и над 20.000 хектари земјиште.

Еден земјоделец загина во пожарите, кои се шират во централните делови на Орегон, во околиите Шерман и Васко.

Гувернерката Кејт Браун прогласи вонредна состојба во зафатени области.

Во соседната Калифорнија, сличните временски услови досега изгореа близу 90.000 хектари шума.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 13:38