Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, денеска и утре, учествува на високиот сегмент на регионалната TAIEX работилницата за циркуларна економија, организирана во соработка со Генералниот директорат за животна средина на Европската комисија, која се одржува во Тирана, Албанија.

Макрадули во обраќањето пред присутните на работилницата ја истакнал подготвеноста и посветеноста за унапредување на животната средина.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, Макрадули посебно ја истакнал заложбата во делот на управување со отпадот преку донесувањето на Планот за спречување на создавањето на отпад, исполнувајќи ги ЕУ барањата за циркуларна економија.

Макрадули ги информирал колегите од регионот и ЕУ, за измените на законската регулатива за 100 отсто хармонизација со европското законодавство, опфаќајќи ја циркуларната економија, посебно во делот кој се однесува на колективните постапувачи, каде покрај стандардните собирачи ќе се регулира собирањето на отпадот од текстил, отпадното масло.

На крајот, тој ги потенцирал идните активности во однос на борбата со отпадот од пластика, како и имплементацијата на регионалните центри за управување со отпадот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 14:27