Шпанските власти ги повлекоа меѓународните потерници за апсење на поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон и други високи каталонски претставници

Шпанија побара екстрадиција на Пуџдемон поради неговата клучна улога во спорниот референдум од 1 октомври и последователно унилатерално прогласување независност од страна на регионалниот парламент предводен од сепаратистите.

Пучдемон побегна во Белгија по референдумот, но беше уапсен во Германија на 25 март, откако ја премина данската граница на пат со автомобил од ангажманот во Финска назад во Брисел.

Германски суд неодамна пресуди дека Пуџдемон може да биде екстрадиран во Шпанија поради обвиненија за злоупотреба на јавни средства за референдумот, но не и за посериозните обвиненија за бунтот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 14:36