Според податоци за 2016 година, на фарми во Европската унија работат нешто повеќе од 10 милиони луѓе. Најголем дел, дури една третина се луѓе постари од 65 години. Само 11 отсто се популација помлада од 40 години, наведува Евростат.

Младите фармери во вкупната популација фармери најмалку се застапени на Кипар, во Португалија и во Велика Британија.

Најголем дел имаат Полска, Словачка и Австрија.

Од регионот, истражувањето ги опфатило Словенија и Хрватска кои имаат приближно удел на млада популација фармери од околу 10 отсто.

И покрај таквата статистика, се покажува дека младите фармери се поуспешни. Тие имаат поголеми имоти, повеќе животни и стандардизирано производство. Мажите се подоминантни во земјоделието, на десет мажи има три жени.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 15:45