Словенечкото Министерство за животна средина предложи отстрел на 200 мечки и 11 волци во обид да се избори со нивната зголемена популација.
Ловците ќе имаат дозвола за отстрел на 200 мечки и 11 волци меѓу октомври оваа година и септември 2019 година според прелог за кој ќе се водат јавни расправи до крајот на јули.
– Околу 150 мечки имало во Словенија во 1960 година, и нивниот број сега е околу илјада, изјави Дамјан Оражен, директор на Словенечки шуми.