Францускиот бренд Шанел наскоро ќе добие нова промоторка со латино стил. Се работи за шпанската глумица Пенелопе Круз - новата амбасадорка на овој светски познат бренд.
Оскаровката која, меѓу другото, многу добро се познава со еден од највлијателните дизајнери на Шанел, Карл Лагерфелд, е снимена на модна ревија на брендот за облека, што е прво нејзино појавување во јавноста како бренд амбасадор.
Таа ќе биде заштитно лице на ексклузивната „Круз“ кампања, осмислена и реализирана од Лагерфелд.
- Тоа е бренд икона, а Карл е генијалец. Јас се воодушевувам од се што тој чини, така што големо задоволство ми е да соработувам со него. Дури и позирање пред неговиот објектив е вистинска авантура, изјави Круз.
Со ова, таа се придружува на популарните дами кои во минатото потпишаа за овој бренд - Марго Роби, Кира Најтли, Кристен Стјуарт и Лили Роуз Деп.