Не сме добиле нови насоки од Пентагон за соработка со Русија во Сирија по средбата меѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин во Хелсинки, изјави генерал Џоузеф Вотел, командант на силите на САД за Блискиот исток

Вотел, кој е шеф на американската Централна команда изјави денеска дека во недостиг од нови наредби, тој го поддржува сегашнито курс во Сирија – уништување на т.н. Исламска држава.

Во вторникот, ден откако Трамп во Хелсинки со Путин зборуваа и за Сирија, руското Министерство за одбрана соопшти дека е подготвено да ги исполни, сите договорени ангажмани за засилена сортаботка со американските сили во Сирија.

Генерал Вотел нагласи дека американските закони забрануваат коориднација и соработка со руската армија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 00:10