Со проекција на хрватскиот филм „Осмиот комесар“ вечер во Охрид ќе биде отворено првото издание на „Beach Film Festival”.
Во рамки на фестивалот ќе се одржат повеќе работилници за докуменатерн филм, за актерска игра и панели на различни теми, а проекциите на филмовите ќе се одвиваат на плажата „Оревче”.
Филмот „Осмиот комесар“ од 2018 година е екранизиран според истоимениот неколку пати наградуван роман на Ренато Баретиќ.
На фестивалот ќе присуствува и режисерот на овој филм, Иван Салај, со кого по завршувањето на проекцијата посетителите ќе имаат можност да се запознаат и да се дружат.
Филмот почнува во 21 часот, а билетот чини 150 денари.
По вечерната филмска програма организаторите најавуваат забави со настап на повеќе бендови.