Сторителот на самоубиствениот бомбашки напад на 13 јули, кој уби 149 жртви на предизборна средба во југозападен Пакистан, е џихадист кој поминал најмалку две години во Авганистан, каде што војувал против силите на меѓународната коалиција, соопштија пакистанските власти.

За нападот во провинцијата Белуџистан одговорноста ја презеде Исламската држава. Тој беше последниот од серијата слични напади против предизборни средби во кампањата за парламентарните избори закажани за 25-ти јули.

Идентификацијата на бомбашот самоубиец била извршена преку ДНК тест. Станува збор за Пакистанецот Хафиз Наваз. Неговите родители потврдија дека нивниот син бил во Авганистан во последните две години „за џихад против меѓународната коалиција", која ја поддржува авганистанската влада.

Се смета дека Наваз нападот го подготвил со помош на соучесници, по кои се трага.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 01:24