Осум лица загинале, а по неколкумина други се трага откако импровизирано туристичко бродче потонало во езерото Тејбл Рок во американската сојузна држава Мисури, јави новинската агенција ДПА.

Локалните медиуми јавуваат дека три деца биле спасени од местото на несреќата со полесни повреди.

Во моментот на несреќата на бродот имало 30-ина лица, а се уште не се открива точниот број на лица кои се водат како исчезнати.

Несреќата била предизвикани од силната бура што го зафатила регионот, при што се кренале ветрови со брзина од 100 километри на час.

Таканареченото бродче - патка, кое се превртело, е всушност возило прилагодено за пловидба. Компанијата која ги организира ваквите тури во минатото имала повеќе несреќни случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 09:56