Размислувњата на шефот на српската држава Александар Вучиќ за Косово се далеку од реалноста, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи, изнесувајќи оценка за последниот круг од дијалогот меѓу Белград и Приштина што се одржа во средата во Брисел.
- Состанокот беше најкус во последните шест години, Не беше лесно да се разговара со Вучиќ, кој Косово и натаму го смета за дел од Србија и смета дека Косово или Качаник се срцето на Србија. Таквото размилсување на претседателот на Србија е далку од реалноста, изјави Тачи.
Сепак според Тачи, и покрај тешкотиите во сегашната фаза од разговорите, тој е убеден дека дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе заврши со меѓусебно признавање и во интерес на двете страни.