Украина и Турција се во преговори за заедничко производство на воен товарен авион, јави весникот „Дејли Сабах“.
Според весникот, украинската компанија „Укроборонпром“ и украински „Антонов“ го планираат новиот авион Ан-188, со носивост од 50 тони.
За таа цел, се очекува турска делегација наскоро да го посети Киев и да ги комплетираат преговорите за формирање на заедничка компанија со турската авиокомпанија ТАИ.