АД ЕЛЕМ продаде 12.000 мегават-часови вишок електрична енергија по просечна цена од 66.34 eвра за мегават час.

Компанијата соопшти дека вкупниот приход од оваа продажба реализирана вчера, е 796.080 евра.

Продадените вишоци електрична енергија се за септември 2018 година.

- Ова е петта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава. АД ЕЛЕМ досега продаде вкупно 217.560 мегават-часови со вкупен приход од 11.595.638 евра, наведува компанијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 11:56