Хакери украле лични податоци на над милион ипол жители на Сингапур, што е една четвртина од вкупното население во земјата, јави Би-би-си.

Податоците се преземени од базата на Министерството за здравство, а нападот бил намерен, планиран и со умисла. Податоците притоа не се избришани од системот, стои во владиното соопштение.

Се уште не се знае кој стои зад нападот, ниту кои се мотивите, иако земјата е чест објект на хакерски напади. Минатата година на мета беше Министерството за одбрана.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 15:37