Виенските градски власти најавија воведување забрана за тн. „смрдлива храна“ во композициите на подземната желеница во главниот град на Австрија.
Под „смрдлива храна“ се подразбира - брзата храна, хамбургери, пица, но и сендвичи со салама, колбас со сирење и лук и други производи со поинтензивен мирис.
- Тргнуваме со кампањава пред се поради самите патници и нивниот комфор, па затоа ќе се потрудиме луѓето навреме да бидат информирани, изјави градската советничка Ули Сима.
Таа истакнува дека за ова се дискутира веќе со години, но со досегашните повици ништо не е постигнато.
- Така, единственото решение е забраната, заклучи таа.