Либија ги отфрли плановите на Европската унија да изгради центри за мигранти на своја територија за да се запре движење на баратели за азил во Западна Европа.
- Финансискиот поттик нема да го промени тој став, изјави либискиот премиер Фаез ал-Сарај.
Италија, претходниот месец, предложи поставување центри за прифаќање и идентификација на мигранти во Африка како дел од напорите за надминување поделби меѓу европски влади за прашањето како да се реши приливот на повеќе од милион мигранти од 2015 година.
- Апсолутнои сме против официјалното барање на Европа за сместување имигранти кои ЕУ не сака да ги пушти на своја територија, изјави Сарај за германскиот весник „Билд“.
Тој ги отфрла обвинувањата дека либиската крајбрежна стража пукала врз хуманитарци кои се обиделе да спасат мигранти.
- Имаме стотици луѓе пред либискиот брег секој ден, нашите бродови се постојано во движење, изјави тој. Сарај додаде дека Либија е оставена сама да спасува мигранти во Медитеранот и оти и требаат техничка и финансиска помош.
Оваа година, според агенција на ОН за миграција, до 18 јули во Европа преку море пристигнале 51.782 мигранти. Во минатата година во тој период дошле 110.189 мигранти, а во 2016 година – 244.722.