Турција и Холандија се договорија да ги нормализираат односите, соопшти турското МНР.

Одлуката е донесена во телефонски разговор меѓу турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и неговиот холандски колега Стеф Блок.

Договорено е нормализирање на дипломатските односи во тој телефонски разговор, прецизира Министерството. Амбасадорите во Анкара и во Хаг ќе бидат вратени во најкус можен рок. Договорена е и посета на холандскиот министер за надворешни работи на Турција во втората половина од оваа година.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 16:02