Во Црна Гора најголемиот процент - 20,2 проценти од странските компании се руски, покажуваат податоците на црногорскиот Институт за статистика Монстат.

Но, и покрај толкавиот процент на руски бизнисмени, од 2015 година бројот на руски фирми постојано се намалува. Во 2013 година, 32,4 отсто од странските инвеститори биле Руси, следната година - 38,1 проценти, додека во 2015 - 32, во 2016 - 26,7 и во 2017 година - 20,2 отсто.

На второ место се српските бизнисмени - 19,1 проценти.

Статистичките податоци покажуваат дека поради се намалува и бројот на бизнисмени од Босна и Херцеговина, Италија, Кина и Украина.

- Од година во година забележан е раст на бројот на фирмите, сопственост на турски физички или правнии лица. Во 2017 година 8,7 проценти од вкупниот број странски инвеститори биле Турци, се посочува во анализата на Монстат.

Најголемиот број странски фирми седиште имаат во Подгорица (35 проценти), потоа следат Будва (20,7), Бар (13,6) и Херцег Нови (9,2 отсто). Во Будва, Херцег Нови и Тиват најголемиот број странски фирми се руски, а српските и италијанските компании воглавно имаат седиште во Подгорица.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 16:07