Повеќе од 1,7 милиони сириски бегалци може во блиска иднина да се вратат во своите домови во Сирија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Оттаму додаваат дека во Вашингтон се испратени детални предлози за организирано враќање бегалци во Сирија по договорот меѓу претседателот Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.
Офрицијалниот претставник од Министерството, Михаил Мизинчев изјави дека Сирија ја напуштиле повеќе од 6,9 милиони луѓе од 2011 година, и тие се во 45 држави.