По шестгодишни подготовки и координација во меѓународна операција уапсени се 15 лица осомничени за онлајн измама, со која е нанесена штета до 18 милиони евра, соопшти Европол.

Во акцијата од 12 до 15 јуни пребарана е 31 куќа во Кипар, во Естонија, Финска, Германија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Украина и Обединетото Кралство.

Водачот на криминалната група е уапсен на Кипар, по четворица осомничени криминалци се приведени во Латвија, Финска, двајца во Британија и по еден во другите земји, како и уште четири лица во Германија.

Од 2012 година откриени се повеќе од 35.000 случаи на измама на Интернет. Во сите случаи разни онлајн компании нарачувале високо квалитетна стока со кредитни картички со лажни податоци преку мрежи на продажни агенти.

Примателите на таа стока или посредници повторно би испратиле пакети на нови адреси воглавно во источна Европа.

Сите сторители користеле тајни имиња и кодиран пристап на мрежа, а исплатата се вршела преку криптовалути.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2018 03:26