Американските власти соопштија дека ги пронашле телата на последните четири лица, исчезнати кога на езерото Тејбл Рок во американската сојузна држава Мисури се превртел брод, со што бројот на настрадани се искачи на 17.

Несреќата била предизвикани од силната бура што го зафатила регионот, при што се кренале ветрови со брзина од 100 километри на час. Спасени се 14 туристи, од кои седум се здобиле со повреди.

Таканареченото бротче - патка, кое се превртело, е всушност возило прилагодено за пловидба. Компанијата која ги организира ваквите тури во минатото имала повеќе несреќни случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2018 03:55