Две плажи на јапонскиот североисточен брег, кои беа уништени од огромното сунами во 2011 година, отворени се денеска, првпат по речиси осум години.

За време на сезона, на тие две плажи имаше од 30.000 до 50.000 луѓе, но по земјотресот кој предизвика цунами и катастрофа во нуклеарната централа Фукушима, беа затворени.

Експертите кои го проверуваа квалитетот на водата соопштија дека ги задоволува безбедносните стандарди.

Тие две плажи се третата и четврта отворена плажа од вкупно 18 кои беа затворени во 2011 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2018 00:06