Канадската безбедносно-разузвачка служба (ЦСИС) не може да шпиунира во странство без судски налог, освен во случаи кога е јасно загрозена националната безбедност, одлучи Федералниот суд на Канада.

ЦСИС побара налог за да „пружи помош при собирање информации или разузнавачки податоци за начините, намерите или активностите на една странска држава“, која не е прецизирана, се наведува во резимето на судската одлука.

Барањето е одбиено, а судијата Сајмон Ноел наведе дека „не може да даде налог за екстратериторијални активности, бидејќи парламентот јасно не дал овластување во однос на такви налози“.

Иако министрерката за правда Џоди Вилсон-Рејболд го поттикнуваше судот да му дозволи на ЦСИС да дејствува, судијата Ноел истакна дека законот за ЦСИС јасно го ограничува полето на дејствување на разузнавачката служба „во границите на Канада“.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2018 00:17