Врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи изјави денеска дека преговори со САД би биле „очигледна грешка", бидејќи според него, Вашингтон е некредибилен.

- Не можете да се потпрете на зборот, ниту пак на потписот на Американците, па затоа преговорите со Америка не би биле од никаква корист, оцени Хамнеи на состанокот со функционери на иранското Министерство за надворешни работи.

Врховниот лидер на Иран заклучи дека преговорите со Вашингтон би биле „очигледна грешка“.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2018 18:24