Еритреја го назначи својот прв амбасадор во соседна Етиопија по две децении.

Таа функција ќе ја извршува Семере Русом, актуелнен министер за образование и поранешен амбасадор во САД, соопшти преку Твитер министерот за информирање Јејмане Мескел.

Поранешните непријатли Етиопија и Еритреја, во последните недели презедоа низа иницијатив, вклучувајќи и официјални посети на нивни високи функционери и обнова на комерцијални летови помеѓу двата главни града.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2018 18:26