Тропската бура Сон Тин, која во четвртокот го погоди северниот дел на Виетнам, усмрти 20 луѓе, сооопштија денеска виетнамските власти.

Уште 16 лица се водат како исчезнати, а 14 се повредени од надојдената вода. Повеќе од 5.000 домови се ошптетени, урнати или потопени.

Според виетнамските служби за спасување надојдената вода уништила 80.000 хектари посеви, а угинале и 17.000 домашни животни.

Поплавите предизвикани од обилниот дожд ги зафатија приморските области на Виетнам, како и главниот град Ханој.

Метеоролозите предупредуваат на обилни дождови и во следните неколку денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2018 18:34