Претседателот на Кина, Си Џинпинг денеска пристигна во посета на Сенегал, каде е предвидено да потпише два договора за зајакнување на економските врски меѓу Пекинг и Дакар.

Сенегал е прва земја од африканската турнеја на кинескиот претседател. Предвидено е Си да ги посети и Руанда и Република Јужна Африка.

Кина е вториот реговски партнер на Сенегал, по Франција, чија трговска размена во 2016 година изнесуваше две милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2018 18:35