Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска упари предупредување до претседателот на САД, Доналд Трамп, јави иранската новинска агенција ИНСА.
- Господине Трамп, не си играјте со опашката на лавот, поради тоа можете да зажалите, истакна Рохани.
Тој додаде дека „Америка треба да знае дека мирот со Иран е мајка на секој мир, а војната со Иран е мајка на сите војни“.
Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хамнеи вчера изјави дека преговори со САД би биле „очигледна грешка", бидејќи според него, Вашингтон е некредибилен.
- Не можете да се потпрете на зборот, ниту пак на потписот на Американците, па затоа преговорите со Америка не би биле од никаква корист, оцени Хамнеи.
Тој го поддржа и предлогот на Рохани за евентуална блокада на извозот на нафта од земјите од Персиски Залив доколку се блокира иранскиот извоз на нафта.