Петнаесетгодишно девојче од Индонезија, кое било силувано од нејзиниот брат, осудено е на шест месеци затвор поради извршен абортус.

Заменикот-шеф на полициската станица во Батангари во провинцијата Џамби соопшти денеска дека девојката и нејзиниот брат биле осудени во четвртокот.

Братот (18) е осуден на две години затвор за сексуални престапи со малолетничка.

Обвинителите побараа една година затвор за девојчето и седум години за нејзиниот брат.

Судот соопшти дека девојката била силувана осум пати од септември. Во мај, локалното население пронајде фетус без глава во близина на плантажа на палми.

Нивната мајка е обвинета за помагање при абортусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 01:09