Терористичката организација „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во близина на аеродромот во Кабул, при што загинаа 14 лица. ИД прецизира дека цел на самоубиствениот напад бил авганистанскиот потпретседател Абдул Рашид Достум.
Според нив, бомбаш-самоубиец го активирал експлозивниот елек на прославата по повод враќањето од егзил на Достум.
Во меѓувреме, авганистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека 14 лица, меѓу кои и цивили и припадници на војската, загинале во самоубиствениот напад во близина на аеродромот во Кабул, кој беше изведен веднаш по доаѓањето на потпретседателот на Авганистан.
Портпаролот Наџиб Данис додаде дека во нападот се повредени 50 лица.
- Авганистанскиот потпретседател Абдул Рашид Достум и неговата придружба не се повредени во експлозијата, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи.
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани силно го осуди нападот.
Достум се врати во Авганистан откако помина 14 месеци во егзил во Турција.
Тој го напушти Авганистан во мај 2017 година, пред да започне судска постапка против него за наводно киднапирање и тортура на политички противник.