Идните возачи во Австрија веќе нема да може да полагаат возачки испит на турски јазик, објави Министерството за сообраќај.
Мал дел од нив полагале писмен испит на својот мајчин јазик, но тоа, според австриски медиуми, сепак била втора најчеста опција по службениот германски јазик.
Министерот за сообраќај, Норберт Хофер од десничарската Слободарска партија, вели дека цел на таа мерка е намалување трошоци како и охрабрување за граѓани од странско потекло да учат германски јазик.
Кандидати ќе може и понатаму да полагаа испити на англиски, хрватски и словенечки јазик.
Укинувањето на можноста за полагање возачики испит на турски јазик се случува во време на лоши дипломатски односи меѓу Австрија и Турција. Канцеларот Себастијан Курц сака ЕУ да ги прекине пристапните преговори со Анкара. Тоа предизвика Турција во мај 2017 година да ја прекине соработката со Австрија во НАТО.