Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ја помогнал евакуацијата на Белите шлемови од Сирија во Јордан на барање на американскиот претседател Доналд Трамп и други лидери.
– Животите на тие луѓе кои спасуваат туѓи животи, беа во опасност. Одобрив нивно префрлање преку Израел до други држави како важен хуманитарен потег, изјави Нетанјаху.
Јорданските власти дозволија ОН да организира влез за 800 припадници на сириската цивилна одбрана познати како Бели шлемови, чии животи беа загрозени по офанзивата на сириските владини трупи кои вратија контрола врз бунтовнички области на југ во Сирија.
Белите шлемови кои во 2016 година беа номирани за Нобелова награда за мир, дејствуваа во југозапад на Сирија каде останаа заробени поради офанзивата на владините сили.