Илјадници луѓе протестираа синоќа во Минхен против „политиката на страв“, за која велат дека јавната расправа во Германија „турка“ кон десница.

Според проценки на полицијата, на протестите имало најмалку 15 илјади луѓе меѓу кои членови на синдикати, верски групи и уметници.

Демонстрантите го критикуваа министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер и неговата баварска Христијанско-социјална унија поради обидот да затворат граници за мигранти. Членови на партијата во градската власт на Минхен се обиделе да спречат вработени во два театри што се финансирани од државата да присуствуваат на протестот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 10:41