Момче на возраст од 15 години синоќа е убиено од страна на израелски војници, во близина на Витлеем на Западниот брег, соопштија палестински здравствени власти.

Аркан Мизер бил застрелан во градите од страна на израелските сили во судири во кампот за бегалци во Дехеш, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Израелската армија објави дека војниците влегле во кампот за да уапсат двајца „осомничени“, но не ја потврдија смртта на тинејџерот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 11:01