Израелската војска денеска соопшти дека го активирала својот систем на одбрана како одговор на ракетите во соседна Сирија.
Војската објави дека два пресретнувачи се лансирани од системот Дејвид Силинг откако биле идентификувани ракетите.
Ракетите слетале на територија на Сирија, соопшти армијата, додавајќи дека притоа нема повредени..
Поради инцидентите се огласија сирените во северниот дел на Израел.
Засега не е јасно кој ги испукал ракетите во Сирија и која била нивната цел.