Новозеландската фирма „Перпетуал Гардијан“ одлучи да воведе четиридневна работна недела, а вработените да ги плаќа како да работеле пет дена.

Фирмата, која се занимава со надзор, пишување тестаменти и продажба на недвижности, се одлучи на тоа откако во март и април спроведе истражување во кое 240 работници работеа четири дена во неделата, пишува „Њујорк тајмс“.

Како што се наведува, утврдено е дека вработените биле попродуктивни, а забележан е и помал степен на стрес и подобра рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот.

Вработените изјавиле дека повеќе време минуваат со семејството, а имаат време и за вежбање, готвење и градинарство.

За време на истражувањето вработените биле покреативни, доаѓале на време на работа и не правеле долги паузи.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 13:21