Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, а дизелот за денар и половина, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер БС 95 изнесува 71 денар за литар, а Еуросупер БС 98 ќе се продава за 73 денари за литар. Екстралесното масло за домаќинство ќе чини за 51,5 денари за литар, додека новата цена на Еуродизелот (Д-Е V) изнесува 62,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М -1 НС се намалува за 0,81 денари за килограм и новата цена на овој енергенс ќе изнесува 33,897 денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 1,96 проценти. РКЕ ја донесе одлуката врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 13:22