Еден службеник е убиен во нападот врз зградата на регионалната влада на Ирачки Курдистан во ирачкиот град Ербил,соопштија локалните власти.

- Нападот траеше четири часа. Ликвидирани се и тројцата напаѓачи, соопшти заменикот-началник на локалната полиција Фахрад Мохамед.

Меѓу припадниците на безбедносните сили има неколкумина повредени, но засега не е познат точниот број.

Тоа е прв ваков напад во ирачки Курдистан, откако Ирак прогласи победа во декември над терористичката група „Исламска држава“.

Фахрад Мохамед го оквалификува нападот како терористички, но одби засега да обвини некоја терористичка група за него.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 13:55