Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани рачни часовници, очила за сонце, ремени, паричници, алати, делови за автомобили, козметика, приврзоци, бижутерија, гранитни плочки, облека, патенти, ќеси и цигари.

Задржана е следната стока:

Рачни часовници, очила за сонце и друго - 132 рачни часовници, 112 очила за сонце, 25 ремени и 18 паричници, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи се пронајдени во делот за резервна гума во багажниот простор и под предните седишта на возилото. Истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка. Исто така, заради тоа што дел од стоката е со обележја на познати трговски марки, согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност. - 10 рачни часовници, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените рачни часовници се пронајдени на дното од патничка торба, покриена со детска облека и сместена на задните седишта од возилото. Истите се привремено одземени, а против возачот е поведена прекршочна постапка. Исто така, заради тоа што рачните часовници се со обележја на две познати трговски марки, согласно законските прописи е поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Облека, патенти и пластични кеси - 3.450 патенти и 7.000 пластични кеси, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавените производи, пронајдени под седиштата, во личниот багаж и во пределот за резервна гума на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. - 67 парчиња облека (женски блузи и фустани), откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при контрола на патните куфери на македонска државјанка која допатувала со лет од Белград. Непријавените производи се привремено задржани, а против патничката ќе биде поведена прекршочна постапка.

Алати и делови за автомобили - 57 разни делови за бушилица за геолошки истражувања, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените делови се пронајдени под тапацирот на местото за резервна гума и во делот за алат во багажниот простор и под седиштата во внатрешноста на возилото. Истите се привремено одземени, а против возачот е поведена прекршочна постапка. - 41 камења за брусење стакло, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во неколку кеси сместени во багажникот на возилото и покриени со церада, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. - 2 употребувани менувачи за автомобили, откриени при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените менувачи се пронајдени во багажниот простор на возилото и истите се привремено одземени, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Цигари - 12 штеки цигари ЊИНСТОН, РОДЕО и Палл Малл, со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Дојран. Непријавените цигари пронајдени пред совозачкото седиште и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.

Козметика, бижутерија и друго - 309 парчиња разни козметички производи, додатоци и алатки (кармини, сјаеви за усни, пинцети за веѓи, пудри, моливи за очи, веѓи и усни, римел за очи, тушеви за очи, четки, чешли, лепаци за трепки, бои за веѓи, светки за усни и очи, креми за лице, вештачки трепки и сунѓери), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавената стока е пронајдена во повеќе торби и ќесиња сместени во багажниот простор и во внатрешноста на возилото. Истата е привремено одземена, а против возачот е поведена прекршочна постапка. - 259 парчиња кармини, препарати за шминкање на очи и за маникир и педикир, 70 парчиња приврзоци за клучеви и 11 парчиња нараквици (бижутерија), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавената стока е пронајдена во повеќе пластични ќесиња сместени во багажниот простор, џебовите на задната страна од предните седишта и преградите од двете предни врати. Истата е привремено одземена, а против возачот е поведена соодветна постапка.

Гранитни плочки - 88,44 м2 гранитни плочки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при длабинска контрола, извршена на патниот правец Блаце-Скопје, на македонско комбе, управувано од македонски државјанин. Непријавените плочки, за кои возачот изјавил дека ги купил во Косово, се привремено одземени, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Измами

Во царинската испостава Кавадарци се откриени три случаи на погрешно распоредување на стока при увозно царинење, со што се направени обиди за избегнување плаќање на увозни давачки во износ од околу 112 илјади денари.

Во првиот случај, увозник од Кавадарци пријавил за увозно царинење мешавина од 80% масло од сончоглед и 20% масло од маслинки, декларирана во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 5%. Поради сомневање во правилното распоредување на производот според Водичот за царинење, била земена мостра и испратена на испитување во Царинската лабораторија. Врз основа на извршените анализи, Царинската лабораторија изготвила записник според кој производот требало да се распореди во сосема друга тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 15%, специфична давачка од 0,2 евра по килограм и стапка за ДДВ од 18%. Врз основа на новоутврдената тарифна ознака, биле пресметани дополнителни увозни давачки во износ од околу 93 илјади денари, а за сторениот царински прекршок бил изготвен Записник за распоредување на стоката според царинската тарифа и била спроведена прекршочна постапка со мандатна казна против царинскиот застапник.

Во вториот случај, увозник од Кавадарци пријавил за увозно царинење прехранбени ароми и бои, декларирани во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 5%. Поради сомневање во правилното распоредување на производите според Водичот за царинење, биле земени мостри и испратени на испитување во Царинската лабораторија. Врз основа на извршените анализи Царинската лабораторија изготвила записници според кои производите „прехранбени бои“ требало да се распоредат во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 5% и стапка за ДДВ од 18%, а производите „прехранбени ароми“ требало да се распоредат во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 20% и стапка за ДДВ од 5 %. Врз основа на новоутврдените тарифни ознаки, биле пресметани дополнителни увозни давачки во износ од околу 13 илјади денари, а за сторениот царински прекршок бил изготвен Записник за распоредување на стоката според царинската тарифа и била спроведена прекршочна постапка со мандатна казна против царинскиот застапник.

Во третиот случај, увозник од Скопје пријавил за увозно царинење ,,пластични крути цевки“, декларирани во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 6% и стапка за ДДВ од 18%, но по извршената физичка и документарна контрола, царинските службеници утврдиле дека производите, според материјалот од кој се изработени, треба да се распоредат во сосема друга тарифна ознака, со пропишани стапка за царински давачки од 6,5% и стапка за ДДВ од 18%. Врз основа на новоутврдената тарифна ознака, биле пресметани дополнителни увозни давачки во износ од околу 6 илјади денари, а за сторениот царински прекршок бил изготвен Записник за распоредување на стоката според царинската тарифа и била спроведена прекршочна постапка со мандатна казна против царинскиот застапник.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 16:01