Екстремистичките групи „Граѓани на Рајхот" и „Суверени“ во Германија рапидно се развиваат и нивните членови се подготвени да извршат „најсериозни акти на насилство", пишува весникот „Билд".

Тие групи не ја признаваат власта и сегашниот систем на владеење. Тие немаат единствена структура, а различни групи ги користат имињата, иако немаат заеднички ставови.

Во моментов, во рамки на тие групи се активни околу 16.500 лица, а во 2016 година биле 12.800, објави „Билд", повикувајќи се на извештај, кој денеска ќе биде претставен од министерот за внатрешни работи Хорст Зеехофер и шефот за внатрешно разузнавање Ханс - Георг Маасен.

Три четвртини од луѓето во тоа движење се мажи на возраст од околу 40 години. Според извештајот, околу 900 лица се десничарски екстремисти, за разлика од 2016 година кога беа 800

Според разузнавачкиот извештај, движењето е милитантно и има „висок афинитет кон оружјето". И двете групи - „Граѓани на Рајхот" и „Суверени" се подготвени да користат оружје заради најсериозни акти на насилство, се наведува во извештајот. Поради тоа, Канцеларијата за внатрешна безбедност ги стави овие групи во категоријата „антивладини и екстремистички", наведува весникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 10:09