Велика Британија е зафатена од силна жега, поради која националната метеоролошка служба издаде предупредување до луѓето да не стојат на сонце.

Метеоролозите вчера објавија трет степен на тревога со жолт код, кој ќе остане во сила до петок наутро за поголемиот дел од југоисточна Англија. Такво предупредување обично се издава кога температурите се зголемат до 30 и повеќе степени Целзиусови во текот на ноќта за барем две последователни деноноќија.

Метеоролошката служба ги советува граѓаните да пијат многу течности и да понудат помош на возрасните луѓе кои живеат сами.

Топлотниот бран и суша во Велика Британија се очекува да продолжат.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 10:21