Северна Кореја почна да ја демонтира локацијата од која лансираше ракети, а која се наоша во северозападниот дел на земјата, јави Би-Би-Си.

На сателитските снимки од Сохае станицата, се гледа дека Северна Кореја најверојатно почнала со демонтажата, како што и вети во јуни, по средбата на американскиот и севернокорејскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг-ун.

На средбата во Сингапур, Трамп и Ким се договорија Северна Кореја да почне со денуклеаризација, но според неодамнешните извештаи на американските разузнавачки служби, можно е Пјонгјанг тајно да продолжува со својата програма на вооружување.

Според тие извештаи, Северна Кореја ја надградува локацијата за нуклеарно вооружување во Јонгбјон и го забрзува збогатувањето на други тајни локации.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 10:29