Бројот на убиства во Мексико се зголеми за 16 отсто во првата половина од 2018 година.

Министерството за внатрешни работи на Мексико соопшти дека во првите шест месеци од оваа година биле забележани 15.973 убиства, додека во истиот период минатата година биле регистрирани 13.751. Тоа е најголем од 1997 година, од кога се водат споредбени податоци.

Најопасната мексиканска држава е Колима, на брегот на Тихиот Океан, каде што бројот на убиства се зголеми за 27 проценти, а стапката на убиства сега изнесува околу 80 на 100.000 жители.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 10:30